Search

Димитров и Спасовски во посета на Париз

Министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Димитров и Оливер Спасовски, од денеска престојуваат во дводневна работна посета на Париз, на покана од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

За време на посетата, информираат од МНР, министрите ќе учествуваат на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, кој е предвидено да биде воден од страна на францускиот министер за надоврешни работи Ле Дриан и неговиот германски колега Хајко Мас.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидени се и други работни активности и средби на министерот Димитров, меѓу кои и средби со претставници на извршната и парламентарната власт на Француската Република, како и обраќање во Фондацијата „Роберт Шуман”

Треба да знаете
Последни објави