Search

Димитров и Каевски: 16 милиони за спортски ваучер и стаж за спортистите

Денеска во Општина Кисела Вода, Никола Димитров, носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме”, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода.
„Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во спортот се истовремено и инвестиции во здравјето.” – рече Димитров на почетокот на средбата.
Вложувањата во спортот продолжуваат и понатаму, спортскиот ваучер, како дополнителен извор за финансирање на спортот кој значително го подигнува нивото за развој на квалитет и ја зголемува финансиската моќ на спортските клубови во моментов изнесува 10 милиони евра, кои веќе се распределени кон спортските федерации, спортските клубови и индивидуалните спортисти, преку системот спортски ваучер за 2020 година.
„До крајот на 2024 година овој фонд ќе се зголеми и истиот ќе изнесува 16 милиони евра. На овој начин клубовите и федерациите можат да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на нивните програми” – рече Димитров.
„Во програмата на коалицијата „Можеме” се предвидува и признавање на стажот на спортските работници, на овој начин тие ќе бидат обезбедени и по завршување на нивната спортска кариера” – рече Каевски.
На средбата се зборуваше за капиталните инвестиции во спортската инфраструктура кои што се реализирани во последните три години, меѓу кои:
– Реконструкции на повеќе од 20 спортски објекти низ земјава,
– Изградба на 14 затворени пливачки базени од кои 6 веќе се градат,
– Како и изградба на 10 кошаркарски игралишта во 10 општини.
Треба да знаете
Последни објави