Search

Димитров: За помалку од 24 часа Македонија ја напуштиле 1331 граѓани

За помалку од 24 часа Македонија ја напуштиле 1331 граѓани

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил посочи дека од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои ја напуштиле земјава е 1331.

„Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната состојба насекаде. Имам впечаток како недоволно да е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот“, пишува Димитров.

Тој додава дека имаат контрола само врз македонските граници и не ги контролираат границите на другите држави.

 

Треба да знаете
Последни објави