Search

Димитров до Гир: Уште еден европски пријател во вистински момент во очекување на почеток на преговорите со ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир при што посакувајќи му добредојде и успешен мандат на функцијата шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, ја истакна досегашната плодна соработка како со неговите претходници, така и со локалниот тим во ЕУ Делегацијата.

-Пристигнувањето на амбасадорот Гир и неговото именување како највисок претставник на европските институции во Северна Македонија, се случува во клучен момент за европскиот пат на земјата, на кој што повеќе од добредојдени се неговото искуство и експертиза. Уште еден европски пријател во вистински момент за креирање на резултати и убави вести за граѓаните – заеднички да ја отвориме најважната страница, почеток на преговорите со Унијата, а со тоа и почеток на воведување на европските стандари дома, истакна Димитров, соопшти неговиот кабинет.

Двајцата размениле мислења за реформскиот напредок, годишниот извештај од Европската комисија, како и нејзиниот пакет за проширување, одржувањето на првата меѓувладина конференција, економскиот и инвестициски план, ИПА 3 програмирањето – клучни теми за кои токму СЕП и ДЕУ ќе бидат во блиска комуникација.

Беше изразена надеж, но и уверување дека токму за време на мандатот на евроамбасадорот Гир, преку координирана и продлабочена соработка, изгледите за членството во ЕУ ќе бидат уште поопипливи, а со тоа и стандардите на македонските граѓани, преку самиот евроинтегративен процес, видливо подобрени, стои во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави