Search

Димитров го среди Медведев и му го продолжи престојот на Ѓоковиќ на првото место на АТП листата

Првиот фаворит на тенискиот турнир Индијан Велс, Данил Медведев доживеа елиминација во осминафиналето од Григор Димитров, кој до победата стигна со сенационален пресврт. Бугарскиот тенисер Димитров со триумфот на Мастерсот против првиот носител  Медведев  му го продолжи и престојот на Србионот Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП ранг-листата.

Русинот го освои првиот сет со 6-4, а во вториот водеше со 4-1, кога бугарскиот тенисер почна да се буди. Направи пресврт и го освои вториот сет со 4-6,  а во решавачкиот славеше со 3-6 за пласман помеѓу најдобрите осум на мастерсот. За Димитров ова беше прва победа против тенисер од ТОП 2 по онаа против Едни Мареј во Мајами во 2016 година.

Следен ривал на Бугаринот е Хуберт Хуркач, кој со 6-3 и 6-1 беше подобар од Аслан Карацев. Останатите фаворити утринава не кикснаа па Стефанос Циципас во возбудлив и неизвесен натпревар во три сета го победи Алекс де Минор, а Александар Зверев загуби само четири гема против ветеранот Гаел Монфилс.

Шварцман беше подобар од Каспер Руд, Камерон Нори го победи Томи Пол, додека Басилашвили стигна до четвртфиналето преку Карен Хачанов.

Треба да знаете
Последни објави