Search

Димитров во работна посета на Холандија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија. За време на посетата, тој ќе оствари средба со новиот министер за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, кој ја презеде должноста во март оваа година.

Исто така, министерот Димитров ќе се сретне и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на премиерот на Холандија, со генералниот директор за европски работи во министерството за надворешни работи, Матијс ван дер Плас, како и со генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вин Гертс. Министерот ќе има и обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања во парламентот на Холандија.

Во рамките на посетата, Димитров ќе одржи предавање на реномираниот Институт за меѓународни односи, Клингендал. Шефот на македонската дипломатијата ќе има средба и со амбасадорот Ахмед Узумчу, генерален директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), чие седиште е во холандскиот главен град.

Треба да знаете
Последни објави