Search

Димитров активен на маргините на 74. Генерално собрание на ОН 

На маргините на генералната дебата на 74. Генерално собрание на Обединетите нации што неделава се случува во Њујорк, шефот на дипломатијата Никола Димитров  во пресрет на одлуката за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, се сретна со новата министерка за надворешни работи на Шведска Aн Линде со која размениле мислења за потребата од јасен и недвосмислен одговор на нашите европски аспирации.

-Шведска е конзистентен промотор и поддржувач на процесите на суштинска демократизација во нашата земја и регионот. Позитивната одлука во октомври ќе послужи како катализатор за продлабочување и зајакнување на процесите на трансформација и придвижување напред кон попредвидлива иднина, истакнал  Димитров, соопшти МНР.

Министерот Димитров им се обрати, се посочува, и на младите глобални лидери (Millennium Leadership Program) на покана и во организација на Атлантскиот совет на САД при што се осврнал на важноста од отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ,

-Со Договорот од Преспа и реформското портфолио демонстриравме зрелост и подготвеност за трансформација. Ние сме подготвени да го започнеме ова патување. Сакаме да ги искористиме алатките на ЕУ да станеме подобри. Во отсуство на позитивна одлука, европската иднина на регионот, опкружен со земји членки на ЕУ, ќе биде доведена во прашање. Не смееме  да ја испуштиме оваа заедничка можност за успех, истакнал Димиров.

Групата учесници во оваа програма на Атлантскиот совет ја сочинуваат околу 20 млади лидери од политиката, економијата, културата и академијата од целиот свет.

Програмата на министерот Димитров продолжува со обраќања на настан во организација на Светскиот економски форум. 

Треба да знаете
Последни објави