Search

Димитриеска-Кочоска: „Транспарентната“ министерка и нејзиниот тим, не знаат или не сакаат да ги читаат законите

Денеска до мене од страна на „транспарентната“ министерка Нина Ангеловска, беше доставен одговор на нашето барање за доставување на копии од известувањата за обезбедени финансиски средства за вработување и согласности за ангажирање, кои првенствено ние ги бараме како такви, со оглед дека министерството наводно немало евиденција за својата работа во однос на овие предмети (што е крајно непрофесионално и постапување спротивно на закононските одредби за чување и евидентирање на архивски материјал), а со цел ние да направиме евиденција и за истото да ја известиме јавноста и македонските граѓани, соопштува Гордана Димитреска Кочоска,  дополнителен заменик министер за финансии.

-Со овој одговор, „транспарентната“ министерка известува дека немала законска обврска за доставување на истите, а повикувајќи се Одлуките на судот, според кои немало обврска за врзан потпис, кои напоменувам НЕ СЕ КОНЕЧНИ (но и не се однесуваат на ова прашање), па оттука „транспарентната“ министерка влече заклучок дека бараните податоци не се правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Замислете!

Почитувани, дозволете да ве информирам дека „транспарентната“ министерка ниту нејзиниот тим, не знаат или не сакаат да ги читаат законите, ниту знаат за што се водат постапки пред надлежни органи и судови. За што морам повторно да им укажам дека правото за врзан потпис и моето право на неограничен пристап до сите акти, документи и информации се две посебни права уредени со две засебни законски одредби, кои треба соодветно да се почитуваат, ако сакаме право и правна држава. Секое непочитување, премолчување односно извитоперување на законските пропишани обврски, претставува незаконско постапување! Тогаш се прашувам за каква правна држава зборуваме? За што маршираа вчера функционерите од СДС, кога во своите ресори не сакаат односно не ги почитуваат законите!?!

Зошто се кријат овие податоци? Зар на граѓаните им е потребно право децидно и експлицитно утврдено, за да „транспарентна“ министерка им удоволи со податоци на кој начин се трошат нивните пари?

Почитувана „транспарентна“ министерке, повторно ве повикувам, ако сметате дека не треба мене (иако имате законска обврска), удоволете им на граѓаните и одговорете колку известувања за обезбедени средства за вработувања имате издадено во периодот од дознавање за одржување на предвремени парламентарни избори до денес

-на неопределено време

-колку на определено време

-колку за вработувања преку Агенциите за привремени вработувања

-колку согласности имате издадено за ангажирања на лица со договор за дело и со авторски договори и како сте ценеле за нивната реална потреба???

-и колку тоа ја чини државата ?

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави