Search

Димитриеска Кочоска: Излезот од економската кpиза го гледам во капиталните инвестиции и нивната реализација

Дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во капиталните инвестиции го гледа спасот од престојата економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Таа апелираше до директорот на Држави патишта активно да се посвети на реализацијата на капиталните инвестиции со цел нивна што побрза реализација како и реализација на нови капитални инвестции кои што ќе овозможат подигање на кредити кои ќе вбризгаат пак ликвидност во економијата.

-Треба да се направи состанок и со градежните компании да побрзаат со работата, да работат максимално сите да се вклучат во реализацијата на капиталните инвестиции за да може да ги повлечеме овие кредити и на овој начин да вбризгаме дополнителна ликвидност во економијата преку активирањето на градежните компании, вели Кочовска.

Капиталните инвестиции изминатите три години беа една од најслабите точки на Владата на СДСМ со оглед на катастрофалното ниво на нивна реализација.

Треба да знаете
Последни објави