Search

Димитриев: Техничката влада не е нешто на кое треба да се гордееме

Првиот технички премиер Емил Димитриев, кој на таа фукција наместо сто дена како што беше договорено во Пржино, остана 16 месеци денеска за Утрински брифинг вели дека е потребно да го издигнеме општеството на ниво на кое нема да има потреба од таква влада, во кое институциите ќе функционираат независно од политиката.

-Тоа се случи заради повеќе фактори, најмалку по моја желба. Првата идеја за отпочнување со работа на „Пржинската Влада” беше утврдена со закон и главни приоритети. Но, бидејќи имаше две пролонгирања за одржување на изборите, фунциониравме 16 месеци. Мое лично мислење креирањето на една ваква влада е лош сигнал за Македонија, особено што тоа дојде по неколку успешни циклуси. Овој тип на влади е својствен за општества каде политика има силно влијание во институциите и се бара како тоа влијание да се сведе на минимум и партиите да се контролираат едни со други. Ова не е нешто со кое ние како влада треба да се гордееме. Си го прифативме како решение и секоја партија се бори да го има како механизам, вели Димитриев за Утрински брифинг.

Нагласува дека во прв план доколку не се отиде на промена на овој модел, треба да се размисли на промена на рокот на функционирање на оваа влада.

-Три месеци е предолг рок. Евидентно е дека прва работа која се случува е конфликтот помеѓу функционерите, блокада на институциите и крајниот негативен ефект го плаќаат граѓаните, истакна Димитриев.

Треба да знаете
Последни објави