Search

Димитриевски: Повеќе од 800 членови за неполн месец, во здружението се приклучуваат граѓани и од левиот и десниот блок, но и луѓе што никогаш не биле заинтересирани за ваков тип на делување 

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интерву за Република потенцираше дека како здружение имаат за цел да ги предизвикаат граѓаните и да им дадат можност директно да учествуваат во едно граѓанско движење коешто ќе биде насочено од граѓаните кон граѓаните и истото да генерира сериозни политики што ќе донесат подобро утре за граѓаните, континуитет за државата, покажување на БДП, создавање на самоодржлива држава, доволно производство на храна, дополнително енергија за да не се чувствуваат вакви глобални енергетски кризи.
„Покрај ова, секако да вложиме и напори да се развие економијата, економското стопанство бидејќи без економија немате всушност стабилна и сериозна држава. И дополнително да ги подвлечеме црвените национални линии, а со тоа да го обединиме македонскиот политички блок, да ги седнеме сите на една маса и еднаш конечно после 30 години да потпишеме еден стратешки документ со сите субјекти кои ќе сакаат да направат подобро место за живеење, притоа не дозволувајќи да се гази по нашиот национален и државен интерес”, рече Димитриевски.

Во однос на здружението, тој информираше дека е отворена канцеларија во Куманово, а дополнително формирани се здруженија во Прилеп, Крушево.

„Целта е да се вратиме на суштинската македонска идеологија од АСНОМ и Крушево, она што комитите го отпочнале, а партизаните биле нивниот континуитет, сме дошле до независна, сопствена држава, ја добивме на дланка како резултат на заложбите на нашите предци и претходните генерации. Денеска се соочуваме со тоа што не можеме да опстоиме и да ја одржиме и сме ставени под притисок на разни страни и субјекти кои имаат за цел да го разнебират македонското национално ткиво. Ќе бидеме отворени за соработка со сите, граѓанскиот концепт ќе биде мултиетнички концепт кој ќе има за цел да го обедини македонскиот народ и да ги обедини граѓаните на Македонија во едно. Во Куманово за неполн месец имаме повеќе од 800 членови секојдневно доаѓаат и се приклучуваат и од левиот и од десниот блок, она што е многу интересно луѓе што никогаш не биле заинтересирани за ваков тип на делување. Има простор за сите во движењето бидејќи ова движење се формира првенствено од граѓаните за граѓаните”, посочи Димитриевски.

Тој изјави дека на следните избори ќе настапат како граѓанско движење за да не ги делат граѓаните по политичка определба, но јасно е дека по завршување на изборниот процес еден субјект за да се одржи ќе мора да се дефинира како политички субјект.

„Тоа ќе го разговараме со нашето членство со сите предводници на тоа движење коешто ќе влезат во него и ќе ги донесеме конечните одлуки по пат на мнозинството”, истакна Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави