Search

Димитриевски одбрни пенал, Рајо убедлив против Хетафе

Рајо Валекано убедлдиво со 3-0 во малото мадридско дерби го победи Хетафе. Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата на Рајо, Столе Димитриевски одбрани пенал, а Радамел Фалкао постигна гол на своето деби.

Рајо поведе уште во деветата минута со гол на Трехо. Во 78. минута Сис зголеми на 2-0.

Во 81. минута, само десет минути откако влезе во игра Фалкао погоди за водство од 3-0. Ова беше деби во дресот на Рајо за Фалкао

На четири минути до крајот Хетафе имаше прилика од пенал да постигне почесен гол, но Столе Димитриевски го одбрани ударот на Унаи.

Треба да знаете
Последни објави