Search

Димитриевски и „дружината“ се непобелдиви пред своите навивачи во Ла Лига

Повратникот во шпанската фудбалска Ла Лига, тимот на Рајо Валјекано, чиј гол го брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски е непобедлив на домашен терен. По последниот четврти триумф пред воите гледачи против Елче (2:1) луѓето кои ја предводат Ла Лига им посветија посебна објава.

„НЕПОБЕДЛИВИ“, стои напишано во објавата на шпанската елита на која се фотографии од нашиот чувар на мрежата и неговите соиграчи.

Рајо Валјекано во новата сезона како повратник во елитното натпреаврување стартуваше со  цел да го задржи прволигашкиот статус, но како што игра во досегашниот дел воопшто нема да биде изненадување ако успее да се вмеша дури и во борбата за излез во Европа. Рајо по 9 одиграни кола е шестопласиран, позиција којам воси во квалификациите за новоформираното натпреварување на евро-сцената од Конференциската лига.

 

Треба да знаете
Последни објави