Search

Димитриевски:Во Куманово победуваат кумановци! 

Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат за нов мандат, на ови избори како независен, Максим Димитриевски, попладнево беше на средби со граѓани на повеќе локации во населба Карпош и на ул. Боро Соколов, каде разговараа за тековните проблеми и потреби на граѓаните.
-Со чесен и искрен пристап за развој на општината ги обединивме сите и сè поголем број граѓани се приклучуваат на граѓанската иницијатива, граѓани од различни етникуми, возрасти, со различни идеи и размислувања. На претстојните локални избори, во Куманово победува концептот на слободната мисла, на чесниот и искрен пристап. Во Куманово победуваат Кумановци!, порача Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави