Search

Димитриевска Кочоска:Власта ги излажа граѓаните за мерката „Викенд без ДДВ“

Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  во своето гостување зборуваше за сетот на мерки каде посочи дека тие се мерки кои се само за следните три месеци и не се знае што понатаму.

-Повторно имаме само мерки кои што се за следни три месеци, не знаеме што ќе биде понатаму. На рестораните ќе им се даде 3.000 до 10.000 евра во зависност  на кој како, а тие само од една свадба што ќе ја направат ќе остварат толкав приход. Има и ситуации како и ќе ги ослободиме  фирмите од плаќање на персонален на доход за  тим билдинг, како тим билдинг во период на корона криза. Така да Македонија чисто за споредба, ММФ вели  4% проекција нивна пад на БДП, ние ќе ја завршиме од 5.5% што јасно кажува дека  мерките кај нас не даваат резултат, истакна Димитриевска Кочоска.

Имено таа во своето гостување зборуваше и за буџетот и ако се погледне во месец август може да се види дека приходите се паднати за 189 милиони во однос на ребалнсот.

-Ако го погледнеме буџетот во месец август ќе видиме дека приходите се паднати за 189 милиони  евра во однос на ребалнсот. Имавме ребаланс во мај месец, и јас и тогаш кажав дека тој ребаланс нема да се оствари затоа што во тој момент никој не гледаше што се случува во економијата, додаде таа.

Tаа во своето гостување говореше  и за мерката викенд без ДДВ која ја промовираше владата каде посочи дека оваа мерка има одредени недостатоци и не е онака како што владата ја најави.

-Прво беше кажано дека ќе имаме викенд без ДДВ и беше кажано дека ќе биде септември. Не беше септември, се доцни. Втората работа која што сега ја кажаа е тоа дека секој еден граѓанин кога ќе отиде да пазари прво има лимит од 30.000 денари и второ кога ќе пазари ќе си го плати ДДВ што тоа значи дека ќе ја акредитираш државата со ДДВ додека не го чекаш повратот на ДДВ наназад.  Според најавите беше кажано дека повратот на ДДВ ќе биде за 3-4 дена и тоа не е возможно да се оствари заради тоа што има технички проблеми во УЈП и жално е што во изминатиот период УЈП во некога институција што работи работи кои не се својствени за нејзе, истакна Димитриевска-Кочоска.

Таа посочи дека она што е многу битно е дека имаме граѓани кои што сега се погодени  на платите, некои имаат минимални плати, на дел од граѓаните им се намалија, кризата тоа го наметна.

Ако имаме таква ситуација целта беше да имаме викенд без ДДВ, да нема 18%, тоа е како да добиле попуст од 18 проценти кога ќе платат помалку. А, сега им велите не вие велите платете го ДДВ, па ќе ви го вратиме, што е сосема различно, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави