Search

Дилер фрлил кокаин низ прозорец, па се испокршил скокајќи преку ѕид

Полицијата уасила дилер на кокаин од Прилеп, кој бегајќи од полицијата се повредил, информираше МВР.

Станува збор за Д.Д.(36) против кого во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

– На 20.02.2019 полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп- одделение за недозволена  трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за крим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје го лишија од слобода Д.Д., кај кого е пронајден кокаин. На булевар Александар Македонски во Прилеп при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д.се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин. Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави