Search

Дилери на кокаин и хероин уапсени во Тетово

Во два одделни случаи во Тетово и Гостивар вчера биле уапсени двајца дилери кај кои полицијата пронашла хероин и кокаин.

Полицијата  на улицата Киро Ристевски-Дрнц во Тетово уапсила 45-годишен тетовец, и по претресот кај него била пронајдена дрога хероин.

Утрово околу 30 минути по полноќ бил уапсен 31-годишник од гостиварското село Здуње, кај кого бил пронајден кокаин.

Против тетовецот и гостиварецот ќе бидат поднесени кривични пријави.

Треба да знаете
Последни објави