Search

ДИК треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии

ДИК треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии

Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените лоакани во три општини. Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите.

Денеска на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии.

Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. На 20 април гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.

Во текот на денешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.

Треба да знаете
Последни објави