Search

ДИК: Електронските медиуми да се регистрираат за платено политичко рекламирање

Државната изборна комисија ги информира електронските медиуми (интернет порталите) што ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Претседателските избори 2019 година дека се должни да се регистрираат во ДИК во рок од три дена од денот на распишување на изборите, односно најдоцна до 11 февруари (понеделник) до 24:00 часот.

Електронските медиуми (интернет портали) до ДИК треба да поднесат барање за упис во регистар на електронски медиуми (интернет портали) и тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија не постара од шест месеци, задолжително во прилог на барањето.

Врз основа на поднесените барања за упис, ДИК ќе изготви регистар на електронски медиуми (интернет портали) кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за Претседателските избори 2019 година. Регистарот ќе биде јавно објавен на интернет-страницата на ДИК.

– Електронските медиуми (интернет порталите) кои нема да се регистрираат во ДИК, односно нема да бидат во регистарот, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање за Претседателските избори 2019 година, е наведено во соопштението од Државаната изборна комисија.

Барањата може да се доставуваат до архивата на ДИК или електронски на izbori@sec.mk.

Треба да знаете
Последни објави