Search

ДИК: До 17 часот одѕивот 28,83 отсто

ДИК: До 17 часот одѕивот 28,83 отсто

Државната изборна комисија соопштува дека до 17 часот на гласање излегле 28,83 отсто од вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список.

Ова се податоци од обработените информации од 87,25 отсто од општинските изборни комисии.

Во ДИК стигнале и нови приговори, но како што соопшти претседател на Изборната комисија Оливер Деркоски се одбиени како неосновани.

Тој апелираше со гласачите и членовите на изборните органи гласањето да продолжи во позитивната атмосфера и да не се дозволи да се наруши процесот.

Треба да знаете
Последни објави