Search

ДИК: До 13 часот излезноста е 16%

ДИК: До 13 часот излезноста е 16%

Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот гласале 16 проценти од избирачите.

До 13 часот во општина Струмица на гласање излегле 8.393 избирачи, односно 17,1 отсто од вкупно запишаните 49.086 избирачи.

Во Радовиш гласале 11,7 отсто од запишаните 24.215 избирачи. Во Василево излезеноста до 13 часот е 9,7 отсто од 10.438 избирачи, а во Босилово седум отсто од 12.208.

Во Ново Село на референдумското изјаснување своето право на глас го оствариле 6,9 отсто од 11.267 запишани избирачи во единствениот избирачки список, а во Конче излезеноста е 9,4 отсто од запишани 2.755 избирачи.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овој регион гласањето се одвива без проблеми.

Според ОИК во Маврово-Ростуше до 13 часот на гласачките места излегле 1.665 лица, односно 17,2 отсто од запишаните избирачи. Во Маврово-Ростуше вкупниот број на гласачи изнесува 9.672, кои правото на глас го реализираат на 39 избирачки места.

Во полошката општина Врапчиште, до 13 часот излегле 2.850 што е 11,1 отсто од 25.454 граѓани со право на глас. На територијата на општина Врапчиште во избирачкиот список запишани се 25.454 граѓани кои гласаат на 39 избирачки места.

Излезеноста до 13 часот во општина Струга е 12,81 отсто, а во Вевчани околу 16 отсто, соопштија општинските изборни комисии.

Од регистрирани 60.169 гласачи во Струга, на 101 избирачко место своето гласачко право го оствариле 7.701 лице. Своето уставнио право на референдумот го оствариле и 333 вевчанци од 2.038 вевчанци пријавени во Избирачкиот список.

Треба да знаете
Последни објави