Search

ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село

Државната изборна комисија (ДИК) го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на предвремените локални избори за градоначалник на Ново Село, со што Никола Андонов од СДСМ останува градоначалник и извесно е дека нема да има прегласување.

Во приговорот беше наведено дека бројот на гласачки ливчиња во избирачкото место 1789 не се совпаѓал со бројот на потписи во избирачкиот список. ДИК по пребројувањето на гласовите констатираше дека бројот на потпишаните гласачи се совпаѓа со бројот на ливчињата во кутијата.

Државната изборна комисија побара разрешување на избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија за ова гласачко место поради проблемите со записникот на изборниот ден.

ДИК ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за избирачките места во Куманово, Радовиш, Сарај и Шуто Оризари, но прегласување нема да има бидејќи нема да влијае на изборниот резултат.

Треба да знаете
Последни објави