Search

Дика не знае каде завршиле парите од Меѓународниот сојуз на Боки 13

По повеќе од два часа распит за случајот „Рекет“, Агапи Дика, пред малку излезе од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција- пишува Фокус.

Таа за да ги заобиколи новинарските екипи излезе на третиот излез од зградата, но дел од новинарите и поставија неколку прашања. Дика не одговори директно на прашањата, посочувајќи -истрагата ќе покаже. На прашањето дали знае кај завршиле парите од бизнисмените уплатени во Меѓународниот сојуз, таа рече дека не знае.

Дика е претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Во моментот во обвинителството треба да пристигне и бизнисменот Зоран Азманов, кој исто така е повикан да даде исказ за „Рекет“.

Во истрагата  засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

Треба да знаете
Последни објави