Search

Дизни работи на продолжение на „Круела“

Титуларниот лик Круела де Вил ќе се врати во блиска иднина.

Иако филмот во кој играат Ема Стоун и Ема Томпсон штотуку е објавен, раководотителите во „Дизни“ се толку задоволни од неговиот комерцијален и критички прием, што почнаа да планираат продолжение, според „Холивуд репортер“.

Режисерот на Круела, Крег Гилеспи, и сценаристот Тони Мекнамара се очекува да се вратат за продолжението на филмот, трета верзија на „101 Далматинец“, во кој главната улога ја толкува Ема Стоун како злобничка Круела де Вил.

Филмот е неверојатно добро прифатен од публиката ширум светот, со оценка 97% на агрегаторот за рецензии на филмови „Ротен томатос“.

Треба да знаете
Последни објави