Search

Дизелот поскапува, бензините се намалуваат

 Од полноќ дизелот поскапува за денар ипол, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар.

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе биде 81,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар. 

Евросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 89 денари за литар.

Нова зголемена цена ќе има и мазутот кој сега ќе се продава по цена од 46,064 ден/кг.

Треба да знаете
Последни објави