Search

Дизајнерот на „Луј Витон“ се пофали со донација од 50 долари

Вирџил Абло, еден од најпознатите афроамерикански дизајнери во Америка, кој дизајнира за „Луј Витон“, ја поддржа борбата за правата на Афроамериканците донирајќи 50 долари. Тој се пофали со скромната сума на „Инстаграм“, а неговата донација наиде на бројни критики.

Додека многу светски sвезди донираат илјадници долари за да им платат кауција на демонстрантите, кои беа уапсени за време на демонстрациите за Џорџ Флојд, Абло одлучи да донира скромна сума.

„Не можам да верувам дека донирав повеќе пари од Вирџил Абло, и невработен сум!“, „Вирџил како се осмелуваш“, се некои од коментарите на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави