Search

Диви кози го запоседнаа велшкото гратче Ландудно (видео)

Пандемијата и ограничувањата во движењето на луѓето „ги испустија” улиците и градовите низ цел свет. Па, така сега, сѐ почесто се гледа како дивите животни слободно ги запоседнуваат своите, можеби некогаш, природни живеалишта.

Последен пример за тоа е велшкото гратче Ландудно што периодов, нема ни туристи – а тоа е невообичаено за ова место. Околината е позната и по својата дивина и големото стадо диви кози што живеат таму.

Не е невообичаено некоја од нив и да заталка во гратчето, но сега се и многу послободни.

Ендрју Стјуарт, фотограф на „Манчестер ивнинг њуз”, на Твитер се пошегува дека повикал полиција оти козите ги прекршиле правилата за изолација и се собираат во поголеми групи, непочитувајќи го ни задолжително пропишаното меѓусебно растојание од два метра.

Според него, во местото Грејт Орм (или на велшки: И Гогарт), живее стадо од 200 диви кози. Се смета дека потекнуваат од две кашмирски кози што персискиот шах во 1837 година ѝ ги подарил на англиската кралица Виткорија.

Треба да знаете
Последни објави