Search

Дивата на денешен Холивуд: Модните писти ги красела на 15 години, а подоцна му стана муза на режисерот поради кој за малку ќе го изгубела животот

Ума Турман кариерата ја започнала како манекенка на 15 години, а денес е една од најценетите актерки во Холивуд.

Актерка, продуцентка и манекенка – Ума Турман овие денови ќе го прослави својот 51 роденден, а многумина и денес велат дека е прекрасна и изгледа како девојче.

Нејзината природна убавина ја препознале бројни режисери, а актерскиот талент ѝ овозможил место на врвот на листата на најдобрите холивудски актерки.

Турман е родена во Бостон каде што и пораснала. Татко ѝ одредено време бил будистички свештеник поради што таа како девојче живеела во градoт Алмори.

Била повлечена цело време во текот на своето детство, но кога во осмо одделение ја открила љубовта кон актерството, сè се сменило.

Кариерата ја започнала на 15 години и тоа како манекенка. Со манекенството се занимавала и нејзината мајка, а Ума до крајот на 80-те години веќе ги красела насловните страници на многу списанија, како „Vogue“ и „Glamour“.

Во 1988 година добила улоги во дури три филмови и потоа нејзината кариера одела само во нагорна линија.

Таа станала миленичка на еден од најталентираните режисери на денешницата, славниот Квентин Тарантино.

Токму на сетот на филмот од Тарантино „Kill Bill“, Турман доживеала тешка несреќа.

Режисерот инсистирал Турман сама да ги одигра ризичните сцени, што резултирало со тешка несреќа поради која што и денес има последици на вратот и колената.

По несреќата побарала да ги види снимките, но куќата „Miramax“ ѝ понудила договор според кој ќе може да ги прегледа снимките под услов дека понатаму нема да ги тужи, а актерката одбила.

Тарантино во едно интервју изјавил дека нејзината несреќа му е најголемата грешка во животот.

Актерката го осигурала статусот на една од најпопуларните актерки во Холивуд, а во текот на кариерата водела и бурен љубовен живот.

Актерот Гери Олдман го запознала на снимање на филмот „State of Grace“, па се венчале во 1990 година, а се развеле две години подоцна.

Во 1998 година пред олтар застанала со колегата Итан кој што го запознала една година претходно на снимање на заеднички филм.

Заедно добиле две деца, ќерката Маја и синот Левон, но во 2003 година се развеле.

По вториот пропаднат брак се заљубила во францускиот банкар Арпад Бусон, па се вериле, но неколку пати се карале и помирувале. Заедно ја добиле ќерката Росалинд.

Поради својата популарност Ума имала и неколку непријатни искуства. Едно од нив е фактот што еден маж ја следел дури неколку години, од 2004 до 2011 година кој подоцна бил уапсен.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави