Search

Дибиров: Сакам да видам што ќе направи Кил за да победи во Скопје !

Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак Вардар в сабота (17.30 ч.) пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот Кил во рамкиот од 4. коло во групата Б од машката ракометна Лига на шампионите. Вардар е лидер со максимален скор три од три, а Кил има две победи и едно реми. Пресметката во Скопје ќе биде дуел за превласт на врвот во групата.

-Очекувам тежок и брз натпревар – вели Давид Писонеро стратегот на скопските „црвено-црни“.

Вардарци ќе имаат тешка задача. Пред стартот на сезонава во август на Супер глоуб трунирот го загубија дуелот со Кил (34:30).

-Очекувам новата пресметка во Скопје да измине во уште побрза игра. Такава игра ќе ни одговара нас. Дуелот со Кил е многу значаен за нас. Можеби ќе ни биде и меч на сезоната. Ова ќе биде првиот посериозен тест на домашен терен. Играме пред своите гледачи и со нивна поддршка ќе ни биде многу полесно да стигнеме до посакуваниот резултат – порача Писонеро.

Левото крило на „црвено-црните“ Тимур Дибиров гостувањето на германскиот гигант го гледа како дуел да се покаже потенцијалот на тимот во вистински момент.

-Среќен сум што конечно дојде ред да играме вака тежок натпревар. Ова го кажувам затоа што кога играме против екипи со понизок рејтинг делуваме исплашено. Екипата се опушта и тоа противниците го казнуваат. Кога играш со Кил сите се расположени за надигрување. Би сакал да видам што ќе направи Кил за да победи во Скопје, против еден Вардар. Ние сме подготвени за предизвикот – вели Дибиров.

Треба да знаете
Последни објави