Search

Дибиров: Мечот против Мотор како подготовка за почетокот на ЛШ

Крилото на европскиот ракометен шампион Вардар, Тимур Дибиров пред утрешниот дуел со Мотор Запорожје во регионалната СЕХА лига, изјави дека противникот е стабилен тим во сите сегменти и на секоја позиција и дека очекува овој дуел ќебиде подготовка за почетокот на обврските во Лигата на шампионите.

– Сигурно е дека Мотор Запорожје е тим со повисок квалитет од нашот претходен противник, Пекинг СУ. Овој меч во Украина треба да го искористиме како подготовка за почетокот на Лигата на шампиони во ЕХФ. Мотор е многу амбициозен проект, стабилен тим во сите сегменти и на секоја позиција. Тие веќе 2 години се во плеј-офот во Лигата на шампионите и секој што гостува во Запорожје има тежок период на теренот. Но, исто така очекувам нашата форма да биде во нагорна линија и треба да одиграме квалитетен натпревар за да обезбедиме добар резултат.

Натпреварот со Мотор се игра во сабота во 16,15 часот, а ТВ пренос ќе има на МТВ.

Треба да знаете
Последни објави