Search

Дибиров: Им благодарам на Кил што ни покажаа до каде е овој Вардар

Мора машки да го поднесеме поразот, да му подадеме рака на противникот, победија чесно и коректно. Им благодарам што ни покажаа до каде е овој Вардар. Ова го изјави крилото на Вардар, Тимур Дибиров по синоќешниот тежок пораз од Кил во Лигата на шампионите.

– Се обидовме да направиме кам-бек, но не бевме подготвени за такво нешто. Ќе анализираме, ќе видиме што се случи и да не дозволиме да се повтори”, изјави Русинот веднаш по мечот.

Вардар во наредното коло од ЛШ се соочува со тешко гостување во Унгарија кај Веспрем (19 октомври).

Треба да знаете
Последни објави