Search

Дибиров: Верувам дека ривалството меѓу Вардар и Е. Пелистер ќе трае

Пресметките меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер на ракометната македонска сцена во машка конкуренција нудат приказни кои ќе се прераскажуваат. Така беше и вечерашниот дуел во финалето од Купот на Македонија која ја доби Вардар (23:22) буквално со резултаски пресврт во последните секунди од мечот одигран во Кавадарци.

– Веќе има ривалство меѓу овие две екипи, верувам дека истото ќе трае. Како и секој меч, и ова финале беше непредвидливо. Му честитам на Е. Пелистер, навистина беше многу добар противник, а кога ќе победиш таков ривал, дефинитивно на крајот среќата беше на наша страна. Горд сум на соиграчите, на стручниот штаб, успеавме да се извлечеме од една тешка позиција во клубот сезонава, но на крајот важно е што победивме – вели Тимур Дибиров кој иако најави заминување од Вардар, сепак ја смени одлуката и ја продолжи соработката за уште една сезона.

Вардар имаат можност да се закитат со двојна круна сезонава, доколку го задржи бодот предност пред битолчани на две кола до крајот во Суперлигата.

Треба да знаете
Последни објави