Search

Дибала ќе биде нов играч на Рома

Аргентинецот Пауло Дибала, кој по завршување на сезонава ќе си замине како слободен играч од Јувентус можно е на направи неочекуван трансфер и од сите гиганти кои во моментов го ловат на крај да заврши кај – Жозе Мурињо во Рома.

Иако подолга е листата на клубови кои силно го сакаат Дибала од Барселона, Атлетико Мадрид, Тотнем, Арсенал, Њукасл, па се до Интер кој до вчера беше прв фаворит за да го ангажира Аргентинецот, според „Кориере дело Спорт“, Рома сега дури и станува фаворит за потписот и тоа на барање на Мурињо, кој пак добил „зелено светло“ за трансферот од газдите од групацијата Фридкин.

Според „Кориере“, уште зимоска Мурињо му пришол на Дибала и му посочил дека силно го посакува во Рома, а сега еден од менаџерите на Аргентинецот го притиска фудбалерот да ја избере оваа опција како најдобра за неговата кариера. Дури и самиот Дибала сѐ повеќе е заинтересиран за преселба во Рим зашто е импреиосниран од атмосферата на мечевите, како и од фактот да работи со еден од најдобрите тренери на денешницата.

Менаџерот смета дека најдобро за Дибала е да остане во Серија А, а дека во Рома ќе ја има полната слобода за игра.

„Ти си сјаен фудбалер и сакам да те тренирам“, му рекол Мурињо на Дибала.

Инаку еден од менаџерите викендов требаше да дојде во Рим на завршни преговори, но сѐ се изјалови поради последниот пораз од Фиорентина и фактот дека „волчицата“ сѐ уште нема обезбедено европско место за идната сезона, иако римскиот гигант го чека и финале во Конференциската лига против Феенорд во Тирана, а ако победат ќе имаат директно место во Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави