Search

Дибала сепак ќе игра за Аргентина 

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, ќе и се приклучи на аргентинската репрезентација за претстојните пријателски натпревари против Хондурас и Јамајка бидејќи не е посериозно повреден, пренесуваат италијанските медиуми. 

Дибала (28) во летниот преоден рок дојде во Рома од Јувентус и сезонава за тимот од Рим постигна четири голови на осум натпревари, но не беше во составот на завчерашниот натпревар против Аталанта бидејќи на загревањето пред почетокот на дуелот го повреди мускулот на левата нога. 

Италијанските медиуми наведуваат дека Дибала веднаш заминал на прегледи по кои е констатирано дека станува збор за полесна повреда. 

Аргентина на 24 септември ќе игра пријателски натпревар со Хондурас, а четири денови подоцна со Јамајка. 

Треба да знаете
Последни објави