Search

Дибала го замени Роналдо и го реши Милан, Португалецот лут

Во дербито на 12. коло во Серија А, Јувентус со 1:0 го совлада Милан и со трите освоени бодови „старата дама“ се врати на врвот на табелата.

Но, тоа не беше вистинскиот Јувентус, Милан добро му парираше, згора на тоа, изгледаше поопасен, поконкретен и „Бјанконерите можат да му се заблагодарат на Шчесни што повторно се на врвот на табелата. Полјкот одбрани неколку тешки удари, од кои најсериозни беа обидите на Пакета и Пиатек во првото полувреме.

Јунак на средбата беше Пауло Дибала кој во 55 минута влезе во игра место Кристијано Роналдо, кој демонстративно го напушти теренот и змина во соблекувалната.

Тогаш Јувентус заигра подобро, а Аргентинецот во 77. минута  го постигна единствениот гол на средбата.

Со новите три бода, Јувентус има 32 бодови и го помина Интер на врвот табелата, кој пак заостанува само еден бод.

Треба да знаете
Последни објави