Search

ДЗС го исчисти патот кон селото Горно Косоврасти, каде има 80 сантиметри снег

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по неколку часовна работа го исчисти од снег патот кон дебарското село Горно Косоврасти.
Расчистувањето на патот, како што информираат од ДЗС, следело по дојава од локалните власти дека во селото Горно Косоврасти мештаните се отсечени поради голема снежна покривка од 80 сантиметри и дека меѓу жителите има две возрасни жени,  кои одат на дијализа веќе долги години.
-Затоа, ДЗС без размислување прифати да излезе на терен. После неколку часовна работа на екипите на ДЗС, патот конечно беше исчистен, беше дојдено до пациентите кои навремено беа пренесени во болницата во Дебар. Сето тоа благодарение на брзата реакција на тимовите за брз одговор за спасување од планина од Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово и Битола, информираат од ДЗ и нагласуваат дека будно ја пратат ситуацијата со временските услови во земјата и делуваат секаде каде што има потреба.
Треба да знаете
Последни објави