Search

ДЗР достави Предлог до ДИК за запирање на исплатата на средства за изборна кампања

Државниот завод за ревизија поднесе Предлог до Државната изборна комисија за запирање на исплатата на средства кои се исплаќаат од Буџетот на Република Македонија за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците во  кампањата за Локални избори 2021 година. Предлогот се однесува на учесниците кои до ДЗР немаат доставено Извештај во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина, со образец за примените донации на трансакциската сметка предвидени со член 84-б став 2 од Изборниот законик.

-Предлогот е поднесен согласно член 177-а став 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21 и 215/21), соопшти ДЗР.

Државниот завод за ревизија, со цел навремено и транспарентно информирање на сите учесници во изборната кампања, во однос на обврските кои произлегуваат од одредбите на Изборниот законик и Ревидираниот роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на Советите на Општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на Општините и градоначалник на Градот Скопје 2021 година, донесен од Државната изборна комисија, информираше и укажа на законски пропишаните обврски предвидени за секој од учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021 година.

-Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите
учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок, се вели во соопштението од ДЗР.

Извештаите можат да се достават до архивата на ДЗР или по електронски пат, испратени од електронската пошта на учесникот во изборната кампања со која е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави