Search

Де Хеа пред продолжување на договорот со Манчестер јунајтед

Голманот на Манчестер јунајтед и поранешен шпански репрезентативец Давид де Хеа е подготвен да го продолжи договорот со премиерлигашот од „Олд Трафорд”, објави денеска лондонски „Сан”.

Според британскиот весник, 32-годишниот Де Хеа се согласил на намалување на платата бидејќи сака да ја продолжи кариерата во клубот за кој настапува од 2011 година.

Де Хеа има договор со Јунјатед до 30 јуни оваа година, а неговата пазарна вредност се проценува на 15 милиони евра.

Шпанскиот голман во дресот на Јунајтед досега собра 513 настапи во сите натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави