Search

Де Ниро не може да одбива нови улоги поради финансиските потреби на поранешната жена

Холивудската легенда Роберт де Ниро не е во можност да одбива нови улоги, бидејќи „мора да го плаќа скапиот вкус на неговата поранешна сопруга”, истакна адвокатката на глумецот.

Имено, правничката Керолин Краус пред Судот во њујоршката општина Менхетн изјави дека Де Ниро се бори со финансиите поради пандемијата, сметките за данок, но и барањата на Грејс Хајтауер, која поднесе барање за развод во 2018 година, по 21 година брак.

Од Судот беше побарано да утврди колку Де Ниро треба да ѝ плати на г-ѓа Хајтауер сè додека не стапат во сила условите на предбрачниот договор за којшто двојката преговараше во 2004 година.

– Г-н Де Ниро има 77 години и иако го обожава својот занает, тој не треба да биде принуден да работи со ова пресилно темпо – затоа што мора. Кога ќе запре тоа? Кога тој ќе има можност да не го прифаќа секој проект што ќе му се нуди и да не работи шест дена во седмицата, 12 часа на ден, а сѐ тоа – за да може да оди во чекор со „жедта” на г-ѓа Хајтауер?, изјави Краус пред судот.

Според Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ, глумецот лани се појавил во три филма, а сега работи на шест нови проекти.

Треба да знаете
Последни објави