Search

Де Ниро и Пачино повторно во ист филм, 22 години по „Жештина“

Било која листа на најголеми актери започнува со Роберт Де Ниро и Ал Пачино. Резимето за двете легенди трае 50 години и истото вклучува безброј награди, класични филмови и иконски изведби. Но, кога станува збор за соработката помеѓу долгогодишните пријатели, бројот е многу помал. Четириесет и пет години откако тие се појавија во The Godfather Part II (Кум втор дел), Де Ниро и Пачино се повторно се заедно во актерскиот тим за друго гангстерско ремек-дело, нивна четврта соработка на големиот екран,  The Irishman (Ирецот).

Иако ова е првпат Де Ниро, Пачино, Џoe Пески и режисерот Мартин Скорсезе да работат заедно, „Ирецот“ се чини како да е филм што го граделе со децении. Медиумите веќе многу пишуваат за обемната и скапа технологија за подмладување во филмот, но сето тоа е само начин на раскажување приказна за човекот и смртноста.

„Ирецот“, исто така, служи како средство за вистинското партнерство на Де Ниро и Пачино, сепак, со оглед на нивното вкупно заеднички поминато време на екранот и важноста на врската помеѓу Френк Шеран (Де Ниро) и Џими Хофа (Пачино).

„Ирецот“ неодамна почна да се прикажува на Нетфликс.

Во 21-та година помеѓу  The Godfather Part II и Heat („Кум Дел 2“ и „Жештина“), Де Ниро и Пачино ги зацементираа своите места во кино историјата, и се сметаат за двајца најдобри актери во Холивуд. И затоа се толку големи предвидувањата за криминалниот трилер  на писателот-режисер Мајкл Ман, кој конечно ги спои двете актерски икони на големиот екран.

Гангстерскиот филм чие дејствие се одвива во Лос Анџелес е всушност игра мачка и глушец помеѓу стручниот крадец Нил МекКели (Де Ниро) и упорниот детектив Винсент Хана (Пачино), но тие нема да се соочат лице-в-лице првите 90 минути од филмот, се додека Хана не побара од МекКули да му купи шолја кафе.

Она што следува потоа е едноставна шестминутна сцена  на двајца мажи кои пијат кафе на вечера, разменуваат филозофии и соништа, а сепак изгледа како борба во тешка категорија исполнета со взаемно почитување, што резултира во сцена која засекогаш ќе се памети.

 

Треба да знаете
Последни објави