Search

Де Лаурентис го продава Наполи за 900 милиони евра

По хаосот кој настана во соблекувалната на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, претседателот на тимот од Неапол, Аурелио де Лаурентис е подготвен да го продаде клубот. Како што пренесуваат италјанските медиуми истакнатиот филмски продуцент Де Лаурентис последните денови имал разговри со катарското кралско семејство Ал Тхани кое го раководи францускиот ПСЖ. Катарците се подготвени да му платат 560 милиони евра, но Де Лаурентис бара 900 милиони.

Впечаток е дека Де Лаурентис ја изгубил желбата за вложување во Наполи. Тој во своите раце го има и третолигашот Бари, па се претпоставува дека по продажбата на Наполи, дека целосно ќе му се посвети на тимот од стадионот „Св. Никола“.

Де Лаурентис го купи Наполи во 2004 година како третолигаш и го спаси од стечај. Клубот набрзо од третолигашката конкуренција стаса до врвот во Серија А. Под негово водство Наполи двапати победи во италјанскиот Куп.

Хаотичната атмосфера во Неапол се создаде по ремито со РБ Салцбург (1:1) во Лигата на шампионите, кога претседателот Де Лаурентис побара под казна играчите да заминат во карантин, а тие со стручниот штаб на чело со Карло Анчелоти не го послушаа и си заминаа во своите домови.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави