Search

Де Бур прифати селекторски предизвик на клупата кај Холандија

Франк де Бур (50 г.) е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. Поранешниот тренер на Ајакс, Интер, Кристал Палас и Атланта на клупата кај „лалињата“ го наследува Роналд Куман кој замина во Барселона. Во работата со репрезентацијата има искуство како помошник на Берт ван Марвјик. На новата функција Де Бур на функцијата ќе дебитира на 7 октомври на пријателскиот меч против Мексико, додека на официјален меч прв пат ќе ја предводи Холандија на 11 октомври против Босна и Херцеговина.

Де Бур има 112 настапи за „лалињата“, а  го прифати селекторскиот предизвик иако во тренерската кариера нема забележителни резултати. Тој имаше успеси само на клупата кај Ајакс каде ја почна својата тренерска кариера и освои четири титули по ред во холандскиот шампионат, но потоа доби отказ во наредните три клуба каде работеше: Интер, Кристал Палас и Атланта. Во англискиот тим мина само 77 дена и доби отказ откако ги загуби сите четири натпревари на стартот од сезоната без да постигне ниту еден гол.

Актуелниот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо, поради тоа го нарече Франк де Бур –најлош тренер во историјата на Премиер лигата.

 

 

Треба да знаете
Последни објави