Search

„Дејли мејл“: Објавено видео на кое принцот Хари бара работа за Маркл

Меган Маркл најде работа – ќе го позајми својот глас на компанијата „Дизни“ за еден од нејзините јунаци. „Дејли мејл“ пишува дека токму Хари ѝ ја дал идејата на продукциската куќа да ја вработи Меган односно дека принцот наводно се обидувал да го убеди директорот на компанијата Боб Ајгер да ја ангажира неговата сопруга.

„Дејли мејл“ пишува дека на премиерата на „Кралот лав“ во Лондон, во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил приликата на Ајгер да му каже дека Меган е заинтересирана да го позајми гласот во некој анимиран филм.

„Знате ли дека таа умее да го позајми гласот?“, наводно му рекол Хари на директорот. „Таа е навистина заинтересирана“, рекол Хари, а Ајгер му одговорил: „Би сакале да пробаме. Тоа е прекрасна идеја“.

Британскиот магазин „Тајмс“ вчера објави дека Меган Маркл потпишала договор со „Дизни“ да го позајми гласот во замена за донација во добротворната организаиција за заштита на животните од ловокрадци „Elephants Without Border“.

Хари и Меган оваа недела ја изненадија јавноста со одлуката да се повлечат од должноста „високи“ членови на кралското семејство и да станат финансиски независни.

Треба да знаете
Последни објави