Search

Дејвис ќе го смени Перуничиќ на кормилото на Србија

Тренерот на Веспрем, Давид Дејвис Камара е најсериозен кандидат за селектор на ракометната репрезентација на Србија, јавуваат српските медиуми.

Србите на почетокот на неделтата останаа без селектор откако по дебаклот на Европското
првенство од функцијата се повлече Ненад Перуничиќ.
Дејвис бил фаворит кај челниците на Ракометниот сојуз на Србија Божидар Ѓурковиќ и
Драган Шкрбиќ.
Дејвис самостојната тренерска кариера ја започна по заминувањето од Вардар, најпрвин
како селектор на Русија, а потоа работеше и во Египет со кој се пласираше на Олимписките игри во Токио.

Помали шанси од Дејвис, според српските медиуми имале неговите сонародници Антонио
Карлос Ортега кој е тренер на Хановер и неговиот долгогодишен помошник Чави Сабате.
Србите шпекулираат со уште едно име она на Раул Гонзалес, но са него потенцираат дека
како тренер на ПСЖ е „невозможна мисија“.

Треба да знаете
Последни објави