Search

Дејвис од бегалски камп стигна до ѕвездени мигови во Лигата на шампионите

Германскиот фудбалски шампион Баерн со прикажаната игра против Челзи во Лондон (0:3) ја истакна својата кандидатура за освојување на пехарот во елитното клупско натпреаврување   Лигата на шампионите. Баварците едноставно го понижија Челзи среде Лондон. Убедливиот триумф на Баерн му го обезбедија Серж Гнабри со два гола и Роберт Левандовски. Иако не се запиша во листата на стрелците, со својата игра вниманието го привлече 19-годишниот Алфонсо Дејвис.

Тинејџерот  Дејвис со либериско потекло, кој пред неколку години пристигна во Канада како бегалец, доминираше на секој дел од теренот. Дејвис демонстрираше брзина и ја наметна дилемата дали е најбрзиот играч во Европа. Натурализираниот Канаѓанец стигнуваше на секој дел од теренот, им помагаша и асистираше на своите соиграчи да го растурат Челзи.

По мечот многумина фудбалски стручњаци изданието на Дејвис го нарекоа фудбалската верзија на Усин Болт. Дејвис имаше 91 одсто успешни додавања и освои осум топки.

Треба да знаете
Последни објави