Search

Дејвид Гета ги продаде своите песни за повеќе од 100 милиони долари

Дејвид Гета, диџеј и продуцент на голем број хитови како „Titanium“, „I Got A Feeling“ и „Hey Mama“, ги продаде своите оригинални песни на „Warner Music“ за огромна сума на пари.

Имено, француската ѕвезда заработи околу 100 милиони американски долари според договорот, што ги опфаќа и неговите идни песни, пренесува „Variety“.
Ова е уште еден во низата слични примери, бидејќи истото го направија и Боб Дилан, Нил Јанг, Пол Симон и Шакира.

Овој 52-годишен диџеј има продадено 50 милиони плочи. Има соработувано со Ријана, Бруно Марс, Џастин Бибер, „The Black Eyed Peas“, Ники Минаж и Сиа.

Пред да се пробие на светската сцена, Гета пуштал музика во Париз и Ибица. Пред повеќе од 10 години, тој го објави хитот „When Love Takes Over“ во соработка со Кели Роланд.

Двократниот добитник на Греми, придонесе за обликување на звукот на модерниот поп. „Ретко се случува уметник не само да дефинира жанр, туку и да го трансформира“, вели шефот на „Warner Music“, Макс Лусада.

„Дејвид го прави ова повеќе од две децении. Сè уште има извонредно влијание врз еволуцијата на музиката“, додаде тој.

Гета во моментов е осми најпопуларен уметник на „Spotify“

Неговиот менаџер, Жан-Шарл Каре, рече дека неколку компании покажале интерес за купување на правата на песните.

Гета изјави дека е многу возбуден поради новата музика на која работи и уште повеќе е возбуден што повторно ќе пушта музика во живо.

„Оваа работа ќе ми овозможи да ги имам најдобрите луѓе околу мене кои ќе ми овозможат да продолжам со иновации со нови возбудливи проекти“, истакна Гета.

 

Треба да знаете
Последни објави