Search

Дешамп ќе добие понуда за продолжување на договорот со францускиот националниот тим

 Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, ќе добие понуда за продолжување на договорот со федерацијата. Претседателот на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Грет сака да го продолжи договорот со 50-годишен специјалист до 2022 година, пренесува „Ле Екип”.

Франција може предвреме да обезбеди место на Европското првенство во случај на победа над Турција на 14 октомври. Штом тимот конечно се квалификува на турнирот, на Дешамп ќе му биде понуден да го продолжи договорот.

За потсетувње, под водство на Дешамп, францускиот тим го освои Светското првенство во 2018 година, што се одржа во Русија.

Треба да знаете
Последни објави