Search

Деца од семејства од социјален ризик од Куманово заминаа на бесплатен одмор во Струга

 Педесет и шест деца корисници на права од социјална заштита на Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово заминаа на бесплатно летување во детското одморалишште „Мајски Цвет” во Струга во рамки на проектот на Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатна услуга одмор и рекреација за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.
Од кумановскиот центар за социјални работи информираа дека на одмор заминале вкупно 56 деца од кои 39 деца со посебни потреби  во придружба на своите родители-старатели.

-Децата заминаа на одмор на петти јули пристигнати и сместени во детско одморалиште „Мајски Цвет” во Струга. Смената завршува на 11 јули годинава, изјави директорката на Центарот за социјални работи, Алескандра Арсовска.

Корисниците на овој проект добиваат шест полни пансиони, превоз до дестинацијата, но особено значајно е што децата ќе се анимираат, летуваат и имаат можност да се дружат со врсници.
Треба да знаете
Последни објави