Search

Деца од море извлекле зелена анаконда долга 2,5 метри

Пет момчиња во Шибеник извлекле од морето змија долга 2,5 метри. Ветеринарите прво не можеле да кажат за кој вид станува збор, а потоа утврдиле дека во прашање е зелена анаконда.

Змијата ја забележало едно од момчињата, а потоа сите заедно ја зивлекле, пренесе „Слободна Далмација“.

Ветеринарската служба во Шибеник не можела да потврди за кој вид на змија се работи и дали е отровна, но било утврдено дека не припаѓа на ниту една домашна змија, како и дека умрела пред да заврши во морето, се наведува во соопштенито.

Дополнително е утврдено дека е во прашање речна змија, зелена анаконда.

Се претпоставува дека рептилот бил чуван ако домашно милениче, кое умрело, па било фрлено во морето. Со оглед дека телото на змијата е сочувано, ветеринарите заклучиле дека не била долго во водата. Случајот е пријавен во полиција, која ќе спроведе истрага.

Треба да знаете
Последни објави