Search

Деца ги предводеа протестите против климатските промени

Илјадници луѓе маршираа низ улиците на Брисел и Лондон во неделата, со цел да ги донесат прашањата за животната средина во фокусот на европските избори овој месец.

Во Лондон, протестите беа предводен од 11-годишници, кои ги претставуваа 11-те години што Обединетите нации ги поставија како цел за справување со глобалното затоплување.

Слични протести се одржаа во Кипар, Холандија, Шпанија и Чешка.

Во главниот град на Франција, климатските активисти пролеаа лажна крв на скалите на Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, со цел да го прикажат забрзаното губење на биодиверзитетот на Земјата. Демонстрантите истурија околу 300 литри црвена течност на познатото место.

Треба да знаете
Последни објави